fbpx

Отворени Олимписките игри во Рио де Женеиро

-

Со спектакуларна церемонија на стадионот „Маракана“ ноќеска и официјално беа отворени 31. Летни Олимписки Игри во Рио де Женеиро. Честа да го запали олимпискиот пламен му припадна на бразилскиот маратонец Вандерлеј де Лима, а вршителот на должноста претседател на Бразил, Мишел Темер ги прогласи игрите за отворени.

На свеченото отворање на првите Олимпски игри во Јужна Америка, доминираа екологијата, шареноликоста на бразилската популација и историјата на земјата, придружени од звуците на самбата и босановата.

Македонија на Игрите во Рио де Женеиро ќе ја претставуваат 6 спортисти, а македонското знаме на свеченото отварање го носеше пливачката Анастасија Богдановски.

Поголемиот дел од церемонијаа го сочинуваше музиката, како составен дел на бразилскиот идентитет, а локалните и глобалните музички ѕвезди настапија бесплатно на отварањето.

На сцената на стадионот „Маракана“ беше прикажана историјата на Бразил, од доаѓањето на Португалците и освојувањто на земјата од домородната популација до користењето на робовите од Африка, со што организаторите покажаа колку Бразил е сложена и разнолика земја.

Посебен дел од церемонијата и беше посветен и на најголемата прашума во светот – Амазон, а пораката до трите милијадри гледачи колку што го следеле отворањето на Игрите беше да се грижат за планетата, да садат дрвја и да ја чуваат природата.

За разлика од Игрите во Пекинг во 2008 и во Лондон во 2012 година, церемонијата на отварањето на Олимиските игри во Рио де Женеиро беше поскромна.

https://www.youtube.com/watch?v=sds7L_N4N6A

Организаторите обезбедија садници за секој спортска делегација на Игрите, а околу 11.000 садници ќе бидат засадени во една област во Бразил, која ќе биде наречена „Шума на спортистите“.

Олимпискиот факел на стадионот „Маракана“ го внесе поранешниот тенисер Гиставо Куертен, кој потоа го предаде на бразилската кошаркарска легенда Ортенисија Маркара. Таа факелот го донесе до сцената и го предаде на Вандерлеј де Лима кој го запали олимпскиот пламен.

Организаторите на Игрите сакале палменот да биде помал, како потсетување на глобалното затоплување.

На Игрите ќе учестуваат спортисти од 206 национални олимписки комитети, кои ќе се натпреваруваат во 28 спортски дисциплини. За прв пат на Олимиските игри ќе учествуваат Косово и Јужен Судан.

https://www.youtube.com/watch?v=nWqDr2d5rSM

Организацијата на Игрите во Рио де Женеиро, инаку, беше проследена со низа проблеми, од длабоката рецесија во Бразил до политичките случувања и протести во Бразил, како и допинг скандалот со рускиот тим, поради кој земјата мораше да повлече 271 спортист од учество на Игрите. Загриженост владее и околу вирусот зика, безбедноста во градот домаќин и инфраструктурата.

Олимпските игри ќе траат до 21 август.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...