fbpx
Македонија Отворени над 100 податочни сетови од 17 единици на локалната самоуправа

Отворени над 100 податочни сетови од 17 единици на локалната самоуправа

Како дел од напорите за подобрување на транспарентноста и отвореноста на локално ниво, Фондацијата Метаморфозис во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, ги продолжи активностите за обезбедување поголема транспарентност и отвореност на единиците на локалната самоуправа.

Како што информираат од Фондацијата Метаморфозис, 17 единици на локалната самоуправа отвориле над 100 податочни сетови како резултат на поддршката која ја обезбеди оваа фондација.

Како дел од напорите за подобрување на транспарентноста и отвореноста на локално ниво, Фондацијата Метаморфозис обезбеди директна поддршка на следниве 17 единици на локалната самоуправа: Кавадарци, Штип, Прилеп, Зрновци, Вевчани, Аеродром, Ѓорче Петров, Охрид, Липково, Куманово, Долнени, Тетово, Желино, Росоман, Струмица, Василево и Градот Скопје. Во текот на месеците март и април, секоја општина, во соработка со локални граѓански организации и фасилитатори, работеше на подготовка на отворени податочни сетови кои произлегуваат од нејзиното работење.

Отворените податочни сетови вклучуваат податоци кои се однесуваат на буџетите на општините, регистри на основни и средни училишта, членови на советите на општините, податоци за проектите во општините, јавните набавки, регистри на урбани и месни заедници, структурата на вработени, јавните претпријатија и установи и други, информираат од Фондацијата Метаморфозис.