fbpx

Отворена парламентарна буџетска канцеларија за подобар надзор на јавните финансии

-

Собранието денеска ја отвори својата Буџетска канцеларија, која треба да му овозможи подобар надзор над јавните финансии. Канцеларијата е аналитички центар за промоција на собранискиот финансиски надзор преку подготовка на стручни финансиски и буџетски анализи за потребите на пратениците и работните тела.

Парламентарната буџетска канцеларија е формирана во соработка со Британската амбасада и Вестминстерската фондација за демократија, која трае повеќе од две години.

Новото тело треба за пратениците да подготвува информации за буџетот, ребалансите, годишните сметки на државниот буџет, финансиските извештаи на Државниот завод за ревизија и на други независни тела основани од Собранието.

Во воведното обраќање претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека парламентарната буџетска канцеларија ќе помогне за подобра и поинформирана дебата и ги охрабри пратениците да ги користат услугите на нејзиниот професионален тим.

Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј, рече дека пратениците имаат голема моќ, но и одговорност да ги застапуваат интересите на граѓаните и дека јавните финансии се меѓу најважните прашања бидејќи ги засегаат животите на граѓаните.
Ентони Смит, извршниот директор на Фондацијата Вестминстер, забележа дека главната улога на парламентот е да ја спречи злоупотребата на моќта и да осигури да има одговорност.
– Чекорите кои овој состав ги презема за зголемување на способноста да бара одговорност од владата се историски и отворањето на буџетската канцеларија е исто така историско достигнување – рече Смит.
По формирањето на новиот пратенички состав во 2017 година, канцеларијата на ВФД во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство, почна долгорочна програма на сорботка со Собранието. Еден од аспектите е досегашната пракса на Собранието во надзорот на јавните финансии.

Анализа на тим од домашни и експерти од Парламентот на Шкотска утврди дека Собранието не е во можност да изврши вистински финансиски надзор, а една од причините е недостатокот на обучен кадар кој на пратениците и на собраниските комисии ќе им обезбеди релевантни финансиски анализи и брифинзи.

По препорака на стручњаците, македонската канцеларија на ВФД започна процес за формирање Парламентарна буџетска канцеларија. Во декември 2018 година, ВФД, Собранието и Амбасадата потпишаа меморандум за разбирање, што официјално го означи почетокот на процесот.  На почетокот на 2019 година, собраниска делегација го посети парламентите на Шкотска и на Србија, кои имаат такви канцеларии. Во септември 2019 година Управувачкиот совет донесе одлука за формирање Буџетска канцеларија во рамки на собраниската служба, а во јануари беа усвоени измени на Законот за Собранието со кои се зголеми неговата независност и се предвиде Буџетската канцеларија како посебна организациска единица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателката Сиљановска Давкова на „Галичка свадба 2024“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата. „Претседателката изрази задоволство од континуитетот со кој доследно се промовираат...