Отворена изложбата на Зоран Кардула во Тирана

Извор на фотографија: КИЦ на Македонија во Тирана

Бројни гости од Тирана, од јавниот и од културниот живот на Албанија, дипломати од повеќе земји од Германија, Јапонија, Велика Британија и Франција се пристуствуваа во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана на отворањето на изложбата на Зоран Кардула, информираат од Македонскиот културно-информативен центар во Тирана.

„Делата на еден од најреномираните македонски современи уметници, графички дизајнер кој веќе 20 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност добија нова потврда на својата вредност, што се манифестираше со реакциите на публиката“, се наведува во соопштението за отворената изложба.

Директорот на КИЦ во Тирана Златко Ориѓански со Зоран Кардула; Извор на фотографија: КИЦ на Македонија во Тирана

Специјалитетот, крушевски локум и атмосферата со DJ Узун Баба беа дел од автентичноста на вечерта, за што се погрижија директорот на Македонскиот КИЦ, Златко Ориѓански и уметникот Кардула.

Изложбата на графичкиот дизајнер Зоран Кардула во Тирана ќе биде отворена следните неколку месеци.​