Отворена изложба „Metamorphosis – From Chaos to Art“ инспирирана од социјалниот притисок врз младите

Фото: Мета.мк

Во новиот Социјален Културен Центар во Тетово е отворена изложбата „Метаморфозис – Од хаос до уметност“ со творби на студенти на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот во Тетово.

Делата на студентите ги претставуваат чувствата резултирани од социјалниот притисокот со кој се соочуваат младите денес. Влијанијата изземени од интернетот и социјалните мрежи кои налагаат совршенство и не признаваат недостатоци се  причина за појава на депресија и расочарување кај младите.

Визуелниот приказ на вакви содржини денес претставува неретка форма на инспирација кај визуелните уметниците.

Студентите на своите дела работеле под менторство на уметницата Дренуша Палоши.