fbpx

Отворен Самитот за женско претприемништво и доделени првите награди

-

Денеска во Скопје почна дводневниот прв Самит за женско претприемништво „Нови перспективи за женско претприемништво“, што се одржува во хотелот „Александар Палас“. На настанот беа доделени и првите награди, во категоријата на мали и средни претпријатија, а нив ги добија: СЕМОС едукација и директорката и сопственик Валентина Тасева и Ана Христовска од компанијата за градежништво Линди Гроуп.

Наградите ги доделија вицепремиерот Фатмир Битиќи и заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија Julian Vassallo.

На денешното отворање на настанот, свое обраќање имаше новата градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска.

„Да веруваме во жените, во нивната моќ и храброст и секогаш да бидеме со нив и да им помагаме“, беше мотивот на поздравот на Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје која е и една од потписничките на Националната платформа.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи потсети на сите заложби кои се прават во последниве години да се поттикне бизнис секторот на жените и да стане рамноправен економски партнер, а министерот за економија Крешник Бектеши уште еднаш ги потенцираше заложбите на Министерството и негови лични како министер за надминување на проблемите и поголемо финансирање во економскиот дел на земјава.

Министерсвото за економија е институционален покровител на настанот во делот на доделување на наградите за најуспешни претприемачки, според нивните успеси, награда која за прв пат се доделува, и секако ќе биде поттик понатаму во развојот на женското претприемништво.

Со онлајн вклучување, своите искуства и желби за понатамошна успешна работа ги споделија Wendy Diamond, претседател на Организацијата за денот на женското претприемништво и Virginia Littlejohn, претседателка и извршна директорка на Quantum Leaps.

Многу конструктивно и сеопфатно беше споделувањето на искуствата, заложбите и напорите за развој на женското претприемништво на Apostolina Tsaltampasi – претседателката на Здружението на бизнис жени СЕГЕ и претседателката на Балканската коалиција на бизнис жени, како и Габриела Костовска Богоеска, извршна директорка на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и WEGATE координаторка.

Поглед кон иднината од аголот на успешни жени претприемачки на присутните дадоа Валентина Тасева, директорка на СЕМОС Едукација, Даница Личенин Блажевска, сопственичка на РЕПТИЛ маркети и Васка Мојсовска, претседателка на Национална федерација.

Денешниот ден заврши со бизнис средбите, каде жените претприемачки можеа да споделат искуства меѓу себе.

Самитот со својата работа и агенда ќе продолжи и во текот на утрешниот ден – 19.11, ден кој е прогласен за Светски ден на женското претприемништво и се одбележува во 142 земји во светот.

Настанот е во организација на основачите на Националната платформа за женско претприемништво: Здружението на бизнис жени, Сојузот на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување-МИР, со поддршка и кофинансирање на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...