Отворен повикот за едукативната програма „Училиште за животни вештини“

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој отвора повик за втора генерација на учесници во едукативната програмата „Училиште за животни вештини“. Таа е наменета за млади, од 15 до 29 години, без разлика на нивниот образовен или работен статус. Самата програма е поделена во два дела: циклус на обуки кој опфаќа шест модули и едномесечна пракса во реномирани компании.

Поради моменталната состојба поврзана со ширењето на вирусот ковид-19, обуките во рамки на програмата ќе се спроведуваат онлајн, преку платформи за аудио-визуелна комуникација. Сите модули во рамки на програмата ќе се спроведат во текот на септември. Еден модул ќе биде со времетраење од два дена од по 4 активни часа на обука. По завршувањето на модулите, ќе следи едномесечна пракса во текот на месец октомври.

Заинтересираните треба да го пополнат формуларот најдоцна до 30 август.

Повеќе детали за програмата, за циклусот обуки и за искуствата на претходните учесници, може да се прочита тука.