Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА отвара повик до целата театарска заедница во Република Северна Македонија, театрите, драмските академии, фестивали, организации/независна сцена да предложат театарски уметници – автори на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 март 2022.
Предложените претставници и пораки ќе влезат во натамошниот избор-селекција од страна на Програмскиот одбор на Македонскиот центар – Интернационален Театарски Институт.
Секоја институција, организација е поканета да предложи по еден театарски уметник (актери, режисери, драмски автори, драматурзи, театролози, костимографи, сценографи… ) со име и презиме, фотографија, кратка биографија на предложениот уметник и кратко образложение на следната е-адреса:[email protected] (со назнака: за Светскиот ден на театарот 2022), најдоцна до 15 јануари, 2022 година.
