fbpx

Отворен новиот Центар за спасување на планина

-

Во рамки на проектот „Регион Охридско Езеро безбедна дестинација за авантуристички туризам“, инаку еден од деветте проекти финансирани од ЕУ преку ИПА-програмата за прекугранична соработка со Албанија, денеска во Охрид ставен е во функција новиот Центар за спасување на планина.

„Не е целта само да привлекуваме туристи, треба да се грижиме за нивната безбедност. За поздравување е што една од компонентите на овој проект се отовора денеска во Охрид. Следно е отворање на Центар за заштита на вода во Поградец,“ рече Министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар вели дека Охридскиот регион има огромен потенцијал за развој на алтернативниот туризам, но тоа со себе носи и големи одговорности.

„Центарот за спасување на планина е проект кој е во служба токму на грижата за безбедноста на туристите кои ќе го посетат овој регион како туристичка дестинација. Центарот нема да биде само за овој регион туку ќе им служи и на луѓето од албанскиот дел. Центарот за спасување на вода во Албанија, ќе го користат и луѓето од македонската страна“, рече Жбогар.

На отоворањето на центарот присуствуваше и евроамбасадарот во Албанија, Луиџи Сорека, кој кажа дека овој проект е прекрасен пример за успешна прекугранична практична соработка.

„Центарот за спасување на планина е надополнет со Центарот за спасување на вода кој се наоѓа од другата страна на езерото, и е доказ како двете страни може соработката да ја реализираат на практично ниво. Безбедноста и сигурноста се многу важни предуслови за развој на одржлив туризам. Самите туристи ќе дојдат само во случај доколку се свесни дека постои систем кој ќе им овозможи услови да уживаат во авантурите на безбеден начин“, посочи Сорека.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...