Отворен конкурс за есеј „Лекциите научени во време на пандемијата со ковид-19“

Фото: Фејсбук страна на Институт за лидерство и јавни политики

Институтот за лидерство и јавни политики објави конкурс за најдобар есеј на тема „Лекциите научени во време на пандемијата со ковид-19“.

Сите млади до 28 години може да го испратат својот есеј на албански, англиски или македонски јазик, преку е-пошта на: [email protected] најдоцна до 14.08.2020 година со назнака на предмет (ESSAY CONTEST).

Есеите ќе се оценуваат од страна на жири-комисија, а ќе има победници за први три места, како и можност за објавување на есеите на електронските медиуми.