fbpx

Се отвори првиот Дневен центар за деца со Даунов синдром

-

Денеска се отвори првиот Дневен центар за деца со Даунов синдром. Новиот Центар се наоѓа зад Соборниот храм, на површина од 381 метри квадратни. Вкупната инвестиција на Министерство за труд и социјална политика за овој центар изнесува околку 6 милиони и 500 илјади денари.

Целата адаптација и опремување на овој Дневен центар е во соработка со родителските здруженија на децата со Даунов синдром и комплетно одговара на потребите на децата за поддршка на нивниот психофизички развој.

„ Овие центри значат многу во локалната заедница, а наша крајна цел е да овозможиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството и да создадеме едно општество за сите. Во сите наши активности целосно ја следиме Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, особено нејзините одредби за независен живот и независно одлучување кои се основата на развојот на сите нови индивидуални услуги коишто во минатото не постоеле“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Во Центарот е поставена опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема, но и соби за одмор и хидро масажa. Дополнително, на долниот спрат е поставена кујна со сите содржини, бидејќи во иднина планирано е да се развие и социјално претпријатие, односно кетеринг-сервис. На овој начин децата и младинците од Центарот со поддршка на стручни лица и родителите, ќе можат да бидат и работно ангажирани.

Развојот на Центарот се одвива со поддршка од лица на Центарот за социјална работа, Заводот за социјални дејности и Градот Скопје кој веќе финансира проект за поддршка на децата со Даунов синдром во рамките на овие простории.

„Ги повикувам сите родители да се пријават во ЈУ МЦСР на Град Скопје или во просториите на Дневниот центар за деца со Даунов синдром да добијат информации за начинот на користење на услугите на Центарот и да поднесат барање за користење на наведените услуги“, дополни Царовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...