Отворен е повикот за номинации за Наградата за младинско учество

фото: НМСМ

Отворен е повикот за номинации за овогодинешната Награда за младинско учество што ја доделуваат Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Целта на наградата е да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.

Сите заинтересирани можат да поднесат номинација за Наградата за младинско учество со пополнување на формуларите на линковите за трите категории:  индивидуална категорија – млади на возраст од 15-29 години, категорија на неформални групи за млади од најмалку три членови и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации.

Рокот за поднесување на номинации е до 7 јули до полноќ.

„Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации кои покажуваат: јасна визија за подобрување на заедницата, кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања; исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања; и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот“, велат од НМСМ.