Отворен е конкурсот за награда од ЕУ за истражувачко новинарство

Рокот за поднесување апликации е 16 јуни

-

Отворен е конкурсот за „Наградата од Европската Унија за истражувачко новинарство 2025“, годишен конкурс за најдобрите истражувачки стории во РСМ, објави амостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)

„Ги покануваме сите новинари кои имаат објавено истражувачки стории во текот на претходната календарска година да се пријават за ЕУ наградата за истражувачко новинарство. Наградниот фонд е 10.000 евра и признанијата се доделуваат во рамките на проектот „Зајакнување на квалитетот на новинарството на Западен Балкан и Tурција II“. Целта на наградата е да ги препознае извонредните достигнувања во истражувачкото новинарство и да ја зголеми видливоста на квалитетните стории. Наградата се доделува во земјите од Западен Балкан (Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија) и Турција“, стои во објавата.

Покрај националните признанија повторно ќе бидат наградени и најдобрите регионални стории. Награднот фонд за националната и за регионалната награда изнесува по 10.000 евра. Во секоја земја трите најдобри стории ќе бидат наградени, а националните и регионалните награди изнесуваат по 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ место и 2.000 евра за трето место.

Секој кандидат може да пријави свои стории за националната, за регионалната или и за двете награди. Еден кандидат на конкурсот може да пријави најмногу три стории. Жири-комисијата за националната награда има екслузивно право сториите кај кои ќе препознаат регионална вредност да ги предложат и за регионалната награда, дури и во случај тие стории при аплицирањето да не биле пријавени за тој конкурс.

Рокот за поднесување апликации е 16 јуни.

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Лишен од слобода возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 км/час, дупло од дозволеното

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок,...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои...