fbpx

Почнува меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс-фест Скопје“

-

Четвртиот меѓународен фестивал за анимиран филм „Анимакс-фест Скопје“ почнува денеска со проекција на анимирани филмови за деца во Кинотека на Македонија. Официјалното отворање на фестивалот ќе биде вечерва, во 20 часот, со проекцијата на филмот „Чекајќи го мај“ (The Wait Of May) на бардот на италијанската анимација Симоне Маси.

Во трите фестивалски денови ќе бидат прикажани 52 филмови и тоа 44 за возрасни и осум анимации за деца. Поголем дел од нив се носители на престижни награди и победници на филмски фестивали од А-категорија. И годинава ќе бидат доделени награди за кои ќе одлучува интернационално жири.

Оваа година мото на фестивалот е „Ако сите светат, ти блескај“. Се пријавија рекордни 326 анимации од 52 земји во светот. Селектор на програмата е Благоја Куновски Доре, а за победниците и за добитниците на наградите „Златна тула“, „Сребрена тула“ и „Бронзена тула“, ќе одлучува четиричлено интернационално жири: м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска од Кинотека на Македонија, Андреј Рубетској од Русија – режисер, аниматор, сликар и сценарист, Дорис Бауер од Австрија – кодиректор на филмскиот фестивал за краток филм „Еспресофилм“ и главен куратор на меѓународната програма за фикција и за документаристика при „Виена индипендент шорт“ и Диме Ратајкоски – главен и одговорен уредник на МРТ и автор на повеќе од 50 документарни емисии, филмови и репортажи.

За „Златна тула“ за најдобар филм за деца ќе гласаат децата во текот на трите фестивалски денови.

Оваа година на „Анимакс-фест Скопје“ ќе се одржат три работилници. Гостинката од Австрија, Дорис Бауер, ќе одржи работилница на 5 декември, петок, во Кинотека на Македонија, со почеток во 12 часот, на која ќе говори на тема „Филмските фестивали – поттик и потреба“.

В сабота, 6 декември, гостинот од Русија, Андреј Рубетској, ќе одржи работилница за деца на возраст од 8 до 13 години, под наслов „Трикови на анимирање“. Работилницата ќе се одржи во 13 часот во Кинотека на Македонија. Сите заинтересирани можат да пратат лични податоци на мејловите [email protected] и [email protected]. Бројот на учесници е ограничен.

Исто така в сабота, ќе се одржи и работилница во соработка со Европската филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, Универзитет за аудиовизуелни уметности – ЕСРА, на која ќе бидат доделени стипендии од 3.000 евра. Рокот за пијавување за работилницата е до 4 декември, а условите за пријавување се објавени на „Фејсбук“.

„Анимакс-фест Скопје“ е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар „Тинтири-минтири“ од Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и од Град Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Повик за учество на средношколци во „Театарот ги обединува младите“

„Театарот ги обединува младите“ е името на меѓународниот проект, на кој може да се пријават сите заинтересирани средношколци, информираат во „Перипетија продукција“. Оттаму велат дека учесниците ќе имаат можност...