fbpx

„Отуѓување“: Роман за битката на еден човек кој се бори со системот за да си го види своето дете

Во салата на АРМ, пред присутната публика, таткото емотивно зборуваше за личната битка и за неможноста да си го гледа свое дете, кое по разводот, било доделено на воспитување и чување кај мајката

-

На одбележувањето на Светскиот ден на борбата против родителското отуѓување, во Домот на АРМ вчера беше промовиран романот „Отуѓување“, напишан според вистинска приказна. Автор е Ѓорѓи Мешков, која ја пренесува потресната животна битка на кавадарчанецот Бранко Брковиќ, кој шест години се бори со центрите за социјални работи за да си го гледа синот, но не успева во тоа, поради што детето постепено се отуѓило од него.

Во салата на АРМ, пред присутната публика, таткото емотивно зборуваше за личната битка и за неможноста да си го гледа своето дете, кое по разводот било доделено на воспитување и чување кај мајката.

„20 години чекавме пород. Кога конечно дојдовме до детенце, се случи фијаско. Поранешната сопруга си замина од дома со моето дете. Го изгубив она што најмногу го сакав. Во овие ситуации, најмногу страдаат децата. Во мојот случај, јас се борам со центрите за социјална работа цели шест и пол години. Претходно, детето едвај чекаше да го земам од градинка, но во ковид пандемијата, мојата поранешна сопруга престана да ми го дава да го гледам. Кога по подолго време се отворија градинките, почнав да имам средби со детето, но првото што ми го кажа е „Мене мајка ми кажа дека татко ми е умрен и дека јас не те сакам тебе.“ Какво објаснување да му дадам на 3,5 годишно дете после вакво нешто?“, праша Брковиќ.

Фото: Мета.мк

Таткото зборуваше за тоа дека центрите за социјални работи, писмено наведувале дека тој има комуникација со детето, но тоа не било реално така.

„Почнав да ги снимам средбите, но за снимањето бев пријавен во полиција и кај Народниот правобранител. Јас од син ми сум одвоен и детето е од мене отуѓено по заслуга на Центарот за социјални работи во Скопје. А сите деца, без оглед како е завршен бракот на нивните мајка и татко, мора да имаат контакти со двајцата родители, да растат со двајцата родители. Истото ова на хартија стои, но во пракса се прави нешто друго“, зборуваше Брковиќ пред присутните гости во салата.

Авторот Ѓорѓи Мешков кажа дека ова е вистинска приказна за еден обичен човек кој се бори со системот само за да биде со своето дете.

„Институциите, социјалните служби ја гушат борбата на мајките и татковците кои се жртви на отуѓување на нивните деца“, рече авторот.

Свое обраќање имаше и Драги Змијанац од Првата детска амбасада „Меѓаши“. Тој кажа дека отуѓувачите треба да се свесни дека децата паметат и не забораваат.

„Отуѓувањето е откорнување од конекцијата на детето со целото семејство на родителот кој ги живее овие ситуации. Со отуѓувањето се санкционира и детето и целото семејство. Детето најмногу страда. Со Законот за семејство треба ова отуѓување да се казнува. Сè додека не преземе некој одговорност за вакво свесно отуѓување на децата од родителот со кој не живеат, децата ќе страдаат. Системот мора да профункционира“, рече Змијанац.

Пред присутните се обрати и Наум Рибароски, претседателот на здружението „Заедничко и одговорно родителство по развод“. Тој кажа дека ваквото дело, романот во кој Бранко ја раскажува својата животна прикана, е капитално.

„Верувајте, се сретнавме со илјадници вакви случаи како овој на Бранко од целата држава. Луѓето се срамат јавно да зборуват за овој проблем. Затоа, оваа книга е еден монументален настан за сите нас кои поминале низ оваа голгота. Ова е една многу емотивна книга, но и важен патоказ за следните генерации. Секој млад човек може овде да прочита две работи, првата е профилот на отуѓувачот. Отуѓувачите се насилници. Последиците што ги оставаат кај децата и другиот родител, се огромни, психилошки. Втората работа што е важна во оваа книга, е профилот на системот. Оние кои не биле во системот, не знаат дека тоа е систем кој ваков каков што е, би било подобро да го нема. Тоа е систем кој е на страната на примарниот родител, а секундарниот треба да е среќен макар и за еден ден ако биде со своето дете“, рече Рибароски.

Како што информира авторот, романот ќе биде промовиран и во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и во останатите земји од поранешна Југославија. Станува збор за прв роман во земјава со тематика посветена на отуѓување деца од родители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...