fbpx

Отстранети три барикади на патиштата во Косово и Србија, течат активностите и на другите локации

-

Тргната е поставената барикада кај Мердаре на патот од Србија кон Косово, а веќе се отстранети и барикадите на северот од Косово во околината на Зубин Поток и езерото Газивода, информира Н1. 

Радио-телевизија Србија јави дека нешто по 10 часот е воспоставено нормално одвивање на сообраќајот преку граничниот премин Мердаре во правецот кон Косово и централна Србија. Исто така, српскиот јавен сервис додава дека утринава биле запалени два камиона што биле поставени на барикадата кај Дудин Крш во Северно Косово.

Н1 пренесува дека во моментов се отстрануваат и поставените барикади кај Рударе, па така два камиона веќе се тргнати од патот, додека на оваа локација веќе нема луѓе кои преноќуваат во поставените шатори, потврдуваат нивните репортери од терен.

Радио-телевизија Србија додава дека во моментов се работи на отстранување на барикадите кај Лешак и Ибарска Слатина, но и покрај досегашните активности, граничните премини Брњак и Јариње во северниот дел на Косово и понатаму остануваат затворени за патнички и товарен сообраќај.

Српската војска соопшти дека ја укинува состојбата на зголемена борбена готовност, која беше прогласена на 26 декември. Одлуката ја донесе српскиот претседател Александар Вучиќ.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска ја поздрави деескалацијата на состојбата во северно Косово, додавајќи дека потребен е итен напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Стишувањето на тензиите во северниот дел на Косово доаѓа откако српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со претставници на косовските Срби, а истовремено приштинскиот суд донесе одлука уапсениот поранешен полицаец Дејан Пантиќ да го испрати во куќен притвор во неговиот дом во Косовска Митровица. Судските власти во Косово одлучија да го ослободат и 20-годишниот Никола Недељковиќ, кој претходно беше уапсен на Газиместан поради предизвикување на етничка нетрпеливост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...