Откриени уште 489 случаи на ковид-19, 26 пациенти починале, а 748 оздравеле

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.892 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на ковид-19. Од нив, во Скопје 230, Куманово-28, Штип-7, Прилеп-21, Тетово-18, Струга-15, Велес-11, Битола-13, Охрид-26, Кавадарци-18, Гостивар-16, Гевгелија-14, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-5, Виница-3, Делчево-1, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-4, Неготино-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 748 оздравени пациенти, од нив во Скопје 349, Куманово-29, Штип-12, Прилеп-57, Тетово-27, Струга-22, Велес-28, Битола-36, Охрид-40, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Берово-7, Валандово-2, Виница-3, Делчево-11, Свети Николе-10, Кичево-10, Ресен-6 и Неготино-11.

Починати се 26 лица, девет пациенти од Скопје (69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89 г), двајца од Куманово (60 и 46 г), еден од Штип (61 г), тројца од Прилеп (72, 88 и 63 г), еден од Струга (69 г), двајца од Велес (61 и 72 г), двајца од Битола (52 и 75 г), еден пациент од Охрид (84 г), еден од Гостивар (54 г), еден од Струмица (71 г), еден од Берово (79 г), еден од Делчево (66 г) и еден пациент од Кичево (51 г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80.896, бројката на оздравени пациенти е 58.182, на починати е 2.401, а бројот на активни случаи изнесува 20.313.