Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство вчера на неколку минути пред полноќ ги објави најновите резултатите за состојбата со ширењето на корона вирусот и за новите смртни случаи. Според тие резултати, во 24-те часа претходно во земјава биле направени 1.181 тестирање, со кои се откриени нови 336 случаи на ковид-19, што е околу 28,5 отсто.

Распределено по градови, бројките се следниве: Скопје има 95 нови случаи, Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Охрид-1, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.

Во изминатите 24 часа, Институтот за јавно здравје регистрирал 544 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-235, Штип-42, Прилеп-72, Тетово-26, Струга-1, Велес-54, Кавадарци-21, Гевгелија-10, Крива Паланка-6, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-10, Кратово-2, Свети Николе-7 и Неготино-14.

Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82 г.), двајца од Прилеп (70 и 55 г.), тројца од Тетово (64, 79 и 67 г.), двајца од Струга (67 и 74 г.), еден пациент од Велес (51 г.), двајца од Охрид (70 и 74 г.), еден од Кавадарци (77 г.), еден од Гостивар (61 г.), двајца од Струмица (63 и 66 г.), двајца од Радовиш (62 и 70 г/), еден пациент од Кочани (64 г.), еден од Делчево (78 г.), еден од Кичево (64 г.) и еден пациент од Неготино (55 г.). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на дијагностицирани со корона вирусот во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61.878, бројката на оздравени пациенти е 38.946, починале 1.763 пациенти, а бројот на активни случаи изнесува 21169.

Од завчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 26.976, активни 9.996
• Куманово 3.748, активни 952
• Дебар 462, активни 97
• Штип 2.674, активни 528
• Прилеп 3.010, активни 1.000
• Тетово 3.823, активни 942
• Струга 1.447, активни 454
• Велес 1.992, активни 693
• Битола 2.075, активни 925
• Охрид 1.597, активни 618
• Кавадарци 1.254, активни 481
• Гостивар 2.557, активни 982
• Гевгелија 744, активни 240 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.711, активни 601
• Крива Паланка 431, активни 123
• Радовиш 438, активни 122
• Крушево 130, активни 71
• Кочани 1.241, активни 262
• Пробиштип 363, активни 90
• Демир Хисар 200, активни 88
• Македонски Брод 168, активни 46
• Пехчево 100, активни 22
• Берово 364, активни 88
• Валандово 218, активни 70
• Виница 376, активни 160
• Делчево 456, активни 196 (129 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 153, активни 52
• Свети Николе 842, активни 234
• Кичево 1.277, активни 530
• Ресен 461, активни 193
• Неготино 590, активни 313 (70 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Во Скопје, според бројот на активни случаи по општини, состојбата е најлоша во Гази Баба, со 1.502 случаи. Аеродром има 1.436 активни случаи, Кисела Вода 1.089, Карпош 1.169, Центар 1.089. Следна е општина Ѓорче Петров со 867 случаи, потоа е Чаир со 625, Бутел има 585, Илинден 265, Шуто Оризари 195, Сарај 169, Петровец 138, Чучер Сандево 100 , Зелениково 84, Сопиште 57, Студеничани 53, Арачиново 31 нов случај.
Од вкупната бројка на активни случаи на подрачјето на Град Скопје, странци се 219, а 175 од случаите се нераспределени.
• Нераспределен- 175