fbpx

Откриени 154 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица

-

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на ковид-19: Скопје – 118, Куманово – 12, Кавадарци – 5, Прилеп и Битола – по 3, Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Струмица, Виница и Кратово – по 1.

Во изминатово деноноќие пријавени се 12 починати лица: 10 починати лица од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г и 53г), по едно починато лице од Штип (84г) и Валандово (30г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 408 оздравени пациенти од: Скопје – 179, Тетово – 23, Куманово – 22, Струмица – 19, Штип – 17, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Велес – по 12, Кочани и Дебар – по 11, Радовиш и Берово – по 9, Битола и Ресен – по 7, Свети Николе – 6, Кратово и Гостивар – по 5, Крива Паланка, Гевгелија и Валандово – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Пехчево – 2, Охрид, Пробиштип, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.254.061 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-19 од почетокот на епидемијата изнесува 187.068, бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...