fbpx

Откриен вистинскиот гроб на Филип Втори, таткото на Александар Македонски?

-

Тим научници од Универзитетот „Демокрит“ во Тракија, Грција, тврдат дека успеале да го лоцираат вистинскиот гроб во кој лежат останките на Филип Втори Македонски, таткото на Александар Трети Македонски, пишува „ИФЛ Саенс“ (IFL Scinece).

Според резултатите од нивното истражување, во кое биле користени најсовремени форензички техники за анализа на остатоци од човечки скелет, таткото на Александар Македонски е погребан во кралската гробница на Големиот Тумулус, ридот во близина на градот Виргина, во Северна Грција, но не во гробот 2, како што досега се веруваше, туку во гробот 1, тврди тимот начуници, предводен од Антонис Барѕиокас.

Имено, кралот Филип Втори Македонски, како што е познато, бил погоден со копје во ногата, поради што останал сакат три години пред да биде убиен во 336 година пред новата ера и погребан во грбница на ридот Тумулус кај Виргина, каде се наоѓа македонската кралска гробница. Од досегашните истражувања, научниците се едногласни дека во грбницата 3 се наоѓаат останките на синот на Александар Трети Македонски, Александар Четврти, додека во гробот 2 се верува дека се тие на Филип Втори, поради што и самата гробница се нарекува „Гробот на Филип“.

Сепак, наодите на научниците од Универзитетот „Демокрит“ велат поинаку, односно дека останките на Филип Втори не се баш во „Гробот на Филип“, туку во гробот 1.

Главниот аргумент на тимот се анализите на коските од левата нога, пронајдени во гробот 1, кои покажуваат знаци на коскена фузија, најверојанто предизвиканa од тешка повреда. Над израстокот на коленото, научниците нашле дупка што одговара на рана предзвикана од копје (проектил), кое се движело со голема брзина.

Според тимот научници, закрепнувањето на 45-годишниот маж од гробот 1, по една таква повреда е вистинско чудо за тоа време, кога немало антибиотици, што само по себе ги демонстрира вештините на неговите лекари кои успеале да го запрат крвавењето.

Научниците, од друга страна, тврдат дека скелетот најден во гробот 2, кај кој нема знаци на ваква повреда, најверојатно му припаѓал на кралот Архидеус, полубрат на Александар Велики.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...