fbpx

Откорната и уништена една од влакнестите палми во Охрид

-

Неодговорен поединец или група, деновиве откорнале една од влакнети палми што беа засадени пред неполн месец во Охрид.

Како што информираа од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, палмата е пронајдена фрлена во близина на скејт-паркот, покрај пешачката патека што води кон кафулето „Куба либре“ и кон хотелската зона „Горица“.

Во Охрид беа засадени 200 влакнести палми, набавени од Кина, кои беа посадени низ централното градско подрачје, по шеталиштето на градскиот кеј, како и покрај пешачката патека, каде дрвото е откорнато, во непосредна близина на Центарот за обука на вода на АРМ и Станицата на езерската полиција.

Секоја од засадените палми вреди 500 евра, а Јавното претпријатие „Македонски шуми“ набави околу 1.000.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...