Поради штрајкот на вработените во авиокомпанијата „Луфтханза“ денеска и утре, се очекува да бидат откажани околу 1.300 летови, меѓу кои и интерконтинентални летови, а ќе извисат 180.000 патници.

Причината за штрајкот се барањето за повисоки плати и подобри услови за работа за околу 21.000 стјуарди и стјуардеси.

Авиокомпаниите кои се во сопственост на „Луфтханза“ како „Свис“ (Swiss), „Аустријан“ (Austrian), „Еделвајс“ (Edelweiss) и „Брасл ерлајнс“ (Brussels Airlines) не штрајкуваат.