fbpx

Откако се обиде да се самоубие, на повредите им подлегна и лицето што го уби Идризи

-

Ќ.А. (53) кој утринава го уби градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи (58), почина во Клиничкиот центар во Скопје, велат за „Мета“ извори од болницата.

Тој беше пренесен на КАРИЛ, откако, по убиството на Идризи, на пат кон дома, си пукал во слепоочница и се обидел да се самоубие.

Неофицијано, Ќ.А. го убил Идризи бидејќи добил отказно решение, а убиството го извршил во кафуле спроти зградата на Општина Боговиње, каде што седел градоначалникот.

Инаку, на Хазби Идризи од ДУИ, ова му беше трет мандат како градоначалник на Општина Боговиње.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...