fbpx

Отфрлена кривичната пријава за загинувањето на двајцата планинари под Кајмакчалан

-

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти оти донело Решение за отфрлање на кривичната пријава за загинувањето на двајцата планинари при искачување на врвот Кајмакчалан во Грција. Кривичната пријава по допрен глас е поднесена за Несовесно работење во службата и за Тешки дела против опшатата сигурност.

Како што велат од обвинителството, покрај основните докази што се побарале, биле обезбедени и искази и писмени докази од Федерацијата на планинарски спортови и од Друштвото за планинарски спортови „Трансверзалец“, а воедно била обезбедена и друга писмена документација. Бил испрашан и претседателот на „Трансверзалец“.

„Од сите направени проверки во текот на претходната постапка, произлезе дека не постои основано сомнение дека лицето на кое обвинителството во текот на постапката му даде својство на осомничено лице направило какви било пропусти кои укажуваат на сторено кривично дело кое се гони по службена должност, односно беше утврдено дека од негова страна не се направени прекршувања на законски или подзаконски акти при организација и спроведување на планинарската тура и од кривично-правен аспект не може да се утврди дека смртта на планинарите е резултат на каков било негов пропуст“, пишува Обвиниителството.

При истрагата било утврдено дека „двајцата планинари на критичниот ден самоиницијативно се оддалечиле од групата и додека сите други учесници на турата почнале да се враќаат кон ски-центарот Ворас, тие започнале повторно да се искачуваат кон црквата на врвот на планината. Дел од групата планинари останале да ги почекаат да се вратат, па откако не се вратиле, околу 12 часот по локално грчко време, тргнале по нив за да ги бараат. Притоа ги довикувале, ги барале на мобилните телефони и по радиоврска која била кај еден од сега починатите, но не успеале да ги најдат, ниту да остварат контакт со нив“, стои, меѓу, другото, во актот од Обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...