fbpx

Осветени новите конаци на Бигорскиот манастир

-

Во Бигорскиот манастир денеска беа осветени конаците, кои пред шест години целосно изгореа во пожар. Осветувањето го изврши архиепископот Стефан, игуменот на манастирот, отец Партениј, и голем број црковни великодостојници.

– Бигорскиот манастир повторно воскресна, да се надеваме дека духовно ќе воскресне и македонскиот народ и оваа сплотеност што денеска ја имаме тука, ќе ја имаме и кај целиот македонски народ – изјави игуменот на Бигорскиот манастир, отец Партениј.

Архиепископот Стефан изрази голема благодарност до сите луѓе што дале помош за изградба на манастирот. Истакна дека духовните светилишта се тие што го обединиле народот на овие простори кога било најтешко.

– Манастирите се столбови на сите помесни цркви, тие духовно го обединуваат народот. Затоа, овие светилишта треба да ги чуваме и негуваме – изјави архиепископот Стефан.

Во Бигорскиот манастир на чинот на осветувањето на конаците, присуствуваа претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и повеќе владини министри, кои добија благодарнции и ордени „Свети Јован Претеча“.

Големиот пожар во манастирот се случи во септември 2009 година, а во него целосно изгореа старите конаци на ова духовно светилиште.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...