Oсуммина загинати во пожар во зграда во Португалија

-

Во пожар што вчеравечер зафатил еден кат од зградата на Граѓанскиот дом во Вила Нова да Раиња, приградска населба на Тондела, околу 250 километри северно од Лисабон, загинаа најмалку осум лица, а најмалку 35 се повредени, објавија локалните власти.

Пожарот избувнал откако експлодирал котел за парно греење, а во тој момент во Граѓанскиот дом имало околу 60 луѓе, кои учествувале на аматерски турнир во картање или гледале фудбал на телевизија. Огнот веднаш по експлозијата го зафатил покривот и почнал бргу да се шири, предизвикувајќи паника.

Според градоначалникот на Тондела, Жосе Антонио Жесус, во зградата многу бргу се насобрал јаглероден моноксид. Според еден весник, стаклената волна во покривот веројатно го засилила ширењето на пожарот.  Во објектот имало многу чад, па луѓето биле дезориентирани, а некои од нив паѓале едни врз други при обидот да избегаат по скалите.

Пожарот бил изгаснат за еден час, а во интервенцијта учествувале повеќе од 170 пожарникари и три хеликоптери со кои повредените биле транспортирани во блиската болница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Црквата во Лерин не била срушена затоа што имала македонски натписи

Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува видео и ги измамува читателите дека се руши  црква во Грција, затоа што во неа имало македонски натписи. Вистинската причина за уривањето на...