Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Дејсвото се случи на паркинг на улицата „ Втора Македонска Бригада“, по претходна вербална расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиника Чаир, започнала вооружена престрелка меѓу две групи

-

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир.

Постапка е поведена и за уште две лица за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело, затоа што по настанот сокриле два пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат откриени.

Дејсвото се случи на паркинг на улицата „ Втора Македонска Бригада“, по претходна вербална расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиника Чаир, започнала вооружена престрелка меѓу две групи. Првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го убива Хебиб Буњаку, и дополнително повредува уште едно лице.

Уште петмина осомничени исто така директно учествувале во престрелката,  возвраќајки со дејствија на помагање за обидот за убиство. Последните двајца осомничени, по престрелката сокриле два од пиштолите користени во оружениот инцидент.

Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор за двајца осомничени за дејствија на убиство и обид за убиство, како и мерка куќен притвор за уште еден од осомничените. Притвор е предложен и за двајцата осомничени за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело.

По три лица полицијата сè уште трага. Се преземаат и натаму дејствија за целосно расчистување на настанот.

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...