Сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола–Прилеп е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, информира АМСМ.

Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа, a учествувале четири патнички моторни возила.

Повредените патници се пренесени во Клиничката болница во Битола, каде им е укажана медицинска помош. Од СВР Битола најавија дека во текот на денот ќе излезат со повеќе информации за сообраќајната несреќа.