Најмалку осум деца се убиени, а две возрасни лица се тешко ранети во масовно пукање во градот Шривпорт, во американската сојузна држава Луизијана, објави Гардијан.

Според полицијата, осомничениот Шамар Елкинс убил седум свои деца, ja ранил нивната мајка, и убил туѓо дете. Децата биле на возраст од една до околу 12 години.

Портпаролот на полицијата во Шривпорт, Крис Борделон, изјавил дека две повредени жени се во критична состојба а осомничениот починал по полициска потера.

Началникот на полицијата, Вејн Смит, изјави дека Елкинс бил застрелан од полицијата откако извршил кражба на автомобил.

Пукањето се случило рано наутро во населбата Сидар Гроув. Истражителите засега не соопштуваат мотив, но посочуваат дека станува збор за случај на семејно насилство.

Според полицијата, осомничениот претходно застрелал жена на улица, пред да се упати кон домот каде што ги извршил убиствата.

Елкинс бил уапсен и во 2019 година во случај поврзан со огнено оружје.

Ова е најсмртоносниот инцидент со масовно пукање во САД од јануари 2024 година, кога осум лица беа убиени во Џолиет, во државата Илиноис, според податоците на Архивата за насилство со оружје.