fbpx

Осуди од светот за упадот во Конгресот на САД, реагираше и Пендаровски

-

Четиримина мртви, од кои една застрелана жена, а другите тројца починати од здравствени причини при вчерашните судири на приврзаниците на досегашниот претседател Доналд Трамп со полицијата и насилниот упад во Конгресот на САД во Вашингтон е трагичниот епилог од случувањата во законодавниот дом.

Приврзаниците на Трамп во зградата на Конгресот откако претходно се судрија со полицијата и ги преминаа барикадите пред објектот. По ваквиот чин, гласовите на електорите беа безбедно евакуирани заедно со конгресмените. Состојбата се нормализираше во текот на ноќта по средноевропско време, кога се овозможиија услови за нормална работа и потоа беше потврден изборот на Џо Бајден и Камала Харис.

Насилниот упад веднаш го осудија голем број светски лидери. Канадскиот премиер Џастин Трудо од својот Твитер профил порача дека сцените во Капитолот во Вашингтон се „напад на демократијата“.

 

„Канаѓаните се силно вознемирени и растажени поради нападот врз демократијата во САД, нашиот најблизок сојузник и сосед“, напиша Трудо.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен го ретвитна Џо Бајден и порача оти верува во силата на институциите на САД и дека со радост ја очекува соработката со Бајден.

„Верувам во силата на институциите на САД и на демократијата. Клучно е мирното предавање на власта. Џо Бајден победи на изборите. Со радост ја очекувам соработката со него како следен претседател на САД.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, на Фејсбук изрази сочувство и солидарност со американските граѓани по упадот, порачувајќи дека однесувањето на поединци, нема да ја сруши довербата во институциите.

„Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. Сочувство и солидарност со американските граѓани.“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и заменик претседател на ЕК, Жозеп Борел, порача дека нападот е „напад врз демократијата на САД, нивните институции и владењето на правот“.

 

„Во очите на светот, американската демократија вечерва е под опсада. Ова не е Америка! Изборните резултати на 3 ноември мора целосно да се почитуваат“

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел на Твитер порача дека сцените од Вашингтон се шокирачки.

„Конгресот на САД е храм на демократијата. Да се гледаат вечерашните сцени во Вашингтон е шок. Веруваме дека САД ќе осигурат мирно пренесување на власта на Џо Бајден“, напиша Мишел.

Британскиот премиер Борис Џонсон на Твитер ги осуди „срамните сцени во Конгресот на САД“.

„САД се симбол на демократијата во светот и сега е од витално значење да има мирно и уредно предавање на власта“, напиша Џонсон.

Германскиот министер за надворешни работи Хејко Маас ги повика поддржувачите на Трамп да „престанат да ја газат демократијата“.

„Трамп и неговите поддржувачи мора конечно да ја прифатат одлуката на американските гласачи и да претстанат да ја газат демократијата. Непријателите на демократијата ќе бидат задоволни од овие неверојатни слики од Вашингтон“, напиша тој.

Осуди стасаа и од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, францускиот претседател Емануел Макрон, премиерите на Австралија,Нов Зеланд, на Холандија, Данска, Ирска, Индија, Грција, Чешка, Шпанија, па дури и од словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој го поддржуваше Трамп и уште не му честитал на Бајден.

„Сите треба да бидат многу загрижени од насилството што се случи во Вашингтон. Се надеваме дека американската демократија е отпорна, длабоко вконерета и ќе ја надмине оваа криза. Демократијата подразбира мирен протест, но насилството и смртните закани – и од левицата и од десницата – се СЕКОГАШ погрешни“, напиша крајниот десничар Јанша.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...