fbpx

Остра реакција на Судскиот совет за СМС пораката на Русковска

-

Судскиот совет најостро го осуди однесувањето на Вилма Русковска, шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал, која преку СМС ги критикуваше и им се закани на судиите во Апелациониот суд кои ја ослободија поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, од затворски притвор.

Судиите констатираат дека јавните изјави и закани на Русковска се грубо кршење на принципот на еднаквост и рамноправност на учесниците во кривична постапка;
влијание врз јавноста по однос на законитоста на судската одлука спротивно на Уставот и позитивните законски прописи; злоупотреба на правата во судска постапка;
недозволено мешање и притисок врз судиите при донесувањето на судски одлуки;
нарушување на угледот на судот и судската власт преку создавање на правна несигурност како еден од сегментите на принципот на владеeње на правото.

Реакцијата на Судскиот совет доаѓа по итниот колегиум на Апелациониот суд, на кој присуствуваа и тројца членови на судскиот свет и од кој е објавена содржината на СМС-пораката што Рускоска, вчеравечер ја испратила на еден од членовите на Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје кој решавал за пуштање на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева: „Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите.“

Обвинителството со соопштение се обиде да ја оправда Русковска велејќи дека нејзината реакција се должи на „моментално разочарување“ и дека максимално ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...