Оставка од морални причини поднесоа заменик-министерот за здравство и директорите на тетовската болница

-

Заменик-министерот за здравство, Илир Хасани како и двајцата директори на тетовската клиника, медицинскиот директор Флорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми, попладнево еден по друг, тројцата на Фејсбук најавија дека поднесуваат оставки од функциите од морални причини.

„Во овие тешки моменти за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам никаква врска со процедурите за формирање модуларна болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во моментов, да ги почитувам жртвите, повредените, јавноста и себеси. Нема ништо над достоинството!“, напиша заменик-министерот Хасани.

„Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин“, напиша Етеми.

 

„Почитувани, со голема тага за секоја жртва и за секој член на нивното семејство, Ве информирам дека, поради оваа морална одговорност која ја чуствувам, давам оставка од раководното место директор на Клиничката болница Тетово“, напиша меѓу другото директорот Бесими.

„Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле“, додаде тој.

Заменик-министерот Хасани и директорот Бесими се кадар на ДУИ, додека Етеми е од БЕСА.

По трите оставки, за во 19 часот закажана е прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче.

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели...

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално соопштение од...

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Пишува: Теофил Блажевски   СДСМ и ДУИ во последните два дена излегоа со ставови во јавноста во врска со истрагата за трагедијата во Кочани во кои има сличности во настапот, но и разлики. Ваквата...

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека воведува 25% тарифи на увозните автомобили, потег кој Белата куќа тврди дека ќе го поттикне домашното производство, но истовремено може да ги оптовари автомобилските...

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во...