fbpx

Осомничените во „Молња“ негираат дека биле логистика на кумановската група

-

Осумтемина осомничени во случајот „Молња“ на денешната јавна седница за оцена на обвинителниот акт, која се одржа во Кривичниот суд во Скопје, се изјасниле дека не се чуствуваат виновни по наводите за кои ги товари Обвинителството, односно дека биле логистика на групата што ја нападна караулата Гошинце и учестуваше во настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, пренесува „Академик“.

Според обвинителот Наум Пановски, осомничените имале конретни задачи да обезбедат поддршка за кумановската група, да овозможат илегален премин на членови на групата од Косово во земјава, да најдат сместување во објекти и во куќи во Косово и во Македонија, како и да обезбедат храна, да соберат информации за движењето на полициските единици и да вршат надгледување на конкретни локации и објекти.

– Со ваквите дејства осомничените ги сториле кривичните дела терористичко организирање и тероризам и поради тоа барам од судот да го одобри обвинителниот акт – истакнал обвинителот Наум Пановски.

Осомничените Фазли Османи, Мусадик Пајазити, Рахми Љатифи, Сеабудин Абдулахи, Ејхам Арифи, Ибраим Муртезани, Ебиб Алија и Бесник Бајрами пред судот рекле дека не се чуствуваат виновни и негирале дека ги сториле кривичните дела наведени во обвинителниот акт.

Осомничениот Рахим Љатифи истакнал дека не се чуствува виновен и дополнил дека станува збор за политички монтиран процес.

Одбраната на осомничените побарала обвинителниот акт да биде отфрлен, а дел од адвокатите реагирале дека Обвинителството не зело предвид ниту еден доказ што не му оди во прилог на обвинението и понудиле своја листа на докази. Нив судот ги одбил, со образложение дека во оваа фаза од постапката одбраната нема право да предлага докази.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...