Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Во дискотеката присутни биле околу 500 лица, продадени биле околу 250 карти

-

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски информира дека неколкумина од осомничените се починати, а некои се и во болница, меѓу кои и два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на фирмата која што ја менаџирала дискотиката.

„Дел од приведените лица, коишто се во полициска станица, се луѓе кои имаат директна вина со овој настан, меѓу кои и организаторот на настанот. Исто така приведени се поранешен државен секретар на министерство за економија, раководител на еден сектор во рамки на министерство за економја, пораншен директор на Дирекцијата за спасување и тројца вработени, рече Тошковски и додаде дека некои од приведените биле дел од организацијата на настанот или работеле како обезбедување.

Во дискотеката присутни биле околу 500 лица, продадени биле околу 250 карти. До моментов извадени се сите тела на починатите, а по завршувањето на идентификацијата, списоците ќе бидат доставени до семејствата, рече Тошковски.

Папата Франциск излезе во јавност на Велигден и ги благослови верниците

Папата Франциск денеска на Велигден излезе за да ги благослови илјадниците луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан и да ги почести со неочекувана прошетка со својот папамобил низ плоштадот. Папата...

Меџити: Коалицијата „Влен“ станува единствена политичка партија

Од коалицијата „Влен“ ќе произлезе нов политички субјект на македонската политичка сцена. Наредната недела почнуваат процедурите за создавање на нова политичка партија, најави првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет...

Директорката на клиниката од Падова дојде на гости во Штип кај пациент што го лекуваа по пожарот во Кочани

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница на Падова, Сузана Еспосито го посети младиот Симон Крстев од Штип, кој е еден од повредените во трагедијата во Кочани. Како што објави директорот...

Студентите во Србија, заедно со илјадници граѓани, Велигденската ноќ ја поминаа на протести

Српските студенти веќе шест ноќи ја блокираат зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) и комплексот на студија на јавниот сервис во Белград. Тие го дочекаа Велигденското утро со илјадници граѓани...

Папата Франциск излезе во јавност на Велигден и ги благослови верниците

Папата Франциск денеска на Велигден излезе за да ги благослови илјадниците луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан и да ги почести со неочекувана прошетка со својот папамобил низ...