fbpx

Осомничената за убиство на полицаецот во Велес била давена за врат, велат од Обвинителство

-

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна девојка од Велес за кривично дело – Убиство.

„На 29 септември, во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство лишила од живот 40–годишен маж со кого живеела во вонбрачна заедница.По вербална и физичка расправија меѓу нив, тој ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош која резултирала со смртна последица,“ се вели во соопштението.

Од обвинителство додаваат дека имајќи ги предвид видот, тежината на кривичното дело и запретената казна, наоѓајќи дека осомничената може да се даде во бегство или да ги уништи и сокрие трагите од предметното кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Велес доставил предлог за определување мерка притвор за обезбедување на нејзиното присуство во текот на постапката.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена.​​

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...