Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, како и со Здружението на новинари со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа на ТВ Алсат М е нападната и спречена да ги извршува своите службени задачи и да известува за пожарот во Визбегово.

Во однос на настанот, јавен обвинител ќе издаде и наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или врз животната средина.

Според информациите коишто беа дадени од ЗНМ а добиени од присутните за време на нападато, новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини од екипата биле физички нападнати од лице сопственик на отпадот за кој се смета дека го предизвикал пожарот.

Напаѓачот насилно му го одзел мобилниот телефон на новинарот Тахири и го фрлил во огнот, а снимателот Шенол Хајредини бил исто така нападнат и му била скршена камерата. Лицето е уапсено од страна на Министерството за внатрешни работи, а случајот е пријавен во МВР.

ЗНМ со остра осуда за нападот врз новинарската екипа на АЛСАТ М во Визбегово од лицето кое се смета дека го предизвикал пожарот