fbpx

Основните трошоци за живот во декември 2020 година изнесувале 33.697 денари

-

Потребите на едно домаќинство за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки во декември 2020 година изнесувале 33.697 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за вредноста на синдикалната минимална кошница.

Најголем дел од средствата 14.078 денари или 41,78 отсто се трошеле за исхрана и пијалаци. Потребите за домување биле 10.817 денари или 32,10 проценти, за хигиена според минималната синдикална кошница биле потребни 2.386 денари или 7,08 отсто, за превоз 2.464 денари или 7,31 процент, и за облека и обувки 2.159 денари или 6,41 отсто.

За култура во декември едно домаќинство одвоило 1.066 денари или 3,17 отсто, а за одржување на здравје 724 денари или 2,15 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 27.899 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...