fbpx

Основана Интерпартиска парламентарна група за правата на Ромите

-

Во Собранието денеска беше основана и промовирана интерпартиска парламентарна група за правата на Ромите во Pепублика Македонија.

Иницијатори на оваа идеја се пратениците Самка Ибраимоски, Диме Велковски, Ирена Стефоска, Маја Морачанин, Лилјана Поповска, Енес Ибрахим, Агим Муртезанов, Мирсада Емини-Асани, Ивана Туфегџиќ, Ѓулумсер Касапи, Павле Богоевски, Славица Шуманска-Митева, Соња Мираковска и Јулиана Николова.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека интерпартиски групи не се новина во Собранието, меѓутоа се доказ пратениците созреваат и се издигнуваат над партиските интереси и без оглед на политичката провиниенција од која доаѓаат, се здружуваат, соработуваат и прават нешто што е за општото добро, во овој случај, за доброто на граѓаните од ромската етничка заедница.

– На сите ни е добро позната генералната состојба на овие наши сограѓани, односно фактот дека се маргинализирани, недоволно интегрирани во општеството, со низок степен на вклученост во образовниот процес, со недоволна покриеност од страна на здравствениот сектор и ред други неповолности кои негативно влијаат врз нивната економска и општа благосостојба. Се прават напори за колку-толку подобрување на ситуацијата, притоа мислам на Декадата на Ромите, чијшто потписник е и Република Македонија, а не е мал ниту придонесот на невладиниот сектор, меѓутоа, не смееме да заборавиме дека ние сме претставници на народот, ние сме избрани од народот, ова е дом на народот и тука е местото каде што треба да се донесат, изменат и дополнат законите со кои ќе се санкционира оваа област. Сепак, не смееме да останеме само на донесување на квалитетни закони, туку, треба да се ангажираме во насока на вршење надзор врз имплементацијата, односно спроведувањето на тие закони – рече Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...