Вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба со директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери, го изразил својот став дека е време за многу помеки мерки од досегашните.

– Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите – вели Османи, посочувајќи на задолжителното носење на маски и на физичкото дистанцирање како меки мерки кои би го замениле полицискиот час.

Османи, како Главен координатор на општинските кризни штабови, на средбата со Зибери се заблагодарил до Центарот за јавно здравје – Скопје за целокупниот ангажман и посветеност во борбата против Ковид-19, при што констатирал и дека Центарот бил еден од клучните столбови во борбата против пандемијата.