fbpx

Османи: Во септември се отвора Поглавјето 23, за правосудство и основни права

-

Утврден е календарот за скрининг процесот за подготовка на земјата за пристапни преговори со ЕУ. Во септември се отвора Поглавјето 23 за правосудство и основни права, изјави денеска вицепремиерот за евроинтеграции и главен преговарач на Македонија.

– Имаме прелиминарен договорен календар за скенирање на поглавјата. Во меѓувреме работиме на создавање на државната структура и верувам ќе бидеме подготвени веќе на следната седница на Влада да ја усвоиме структурата. Во септември ќе започне скринингот на поглавјето 23, потоа почнува поглавјето 24, па следат 5, 30,… Имаме целосен календар како тоа ќе се случува се до јуни 2019 година. Меѓутоа, паралелно ние работиме на воспоставување на структурата и подготовка на државата за овој важен процес – рече Османи, кој со норвешкиот амбасадор во земјата потпиша Меморандум за соработка чија цел е поддршка на процесот на евроинтеграциите.

Вицепремиерот за евроинтеграции воедно нагласи дека процесот на скринингот паралелно ќе се одвива со уште два процеса, а тоа се имплементацијата на Договорот од Преспа и итните реформски приоритети преточени во Планот 18.

Тој додаде дека очекува напорен период затоа што во одредени моменти Собранието ќе биде зафатено со уставните измени и со референдумот, а ќе треба да се испорачаат и резултати во реформите.

Според него, ќе треба сериозна координација на институциите за да може во претстојниот временски период од 12 месеци да се реализираат трите наведени важни паралелни процеси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...