fbpx

Османи: За изборите, политичките одлуки ќе се носат врз основа на одлуките на епидемиолозите

-

Секретаријатот за европски прашања ќе му помогне на Институтот за јавно здравје во зголемување на капацитетите за тестирање и подобрување на условите за работа, информираа од таму.

Целта е, како што се истакнува во соопштението, побрзо да дојде до ослободување од рестриктивните мерки.

„Потребата за зголемување на капацитетите за тестирање ќе биде исклучително важна сега во услови кога Владата веќе разговара за пакет на олеснителни мерки односно за замена на рестриктивните мерки со меки мерки, бидејќи особено во такви услови ќе треба капацитет за тестирање, детектирање и изолирање на сите случаи, со цел спречување на повторно проширување на болеста. Сепак сметаме дека е време за внимателно заменување на цврстите мерки со меки мерки,“ вели вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Османи разговарал со епидемиолозите и вирусолозите и за изборите и изборниот процес, како тие го предвидуваат и гледаат на тој процес.

„Нивен став е дека во услови кога и да се одржат изборите ќе треба да се одржи физичката дистанца заштитната опрема, односно маска итн. и врз основа на тие критериуми сепак политичарите треба да донесат одлука дали и кога е можно да се одржат избори имајќи ги во предвид овие критериуми што ќе ги утврди Комисијата за заразни болести. Нашиот став останува дека Комисијата треба да каже дали изборниот процес го загрозува или може евентуално да го загрози индивидуалното или колективното здравје на граѓаните и дека политичките одлуки треба единствено да е засновуваат на одлуките на епидемиолозите односно на професионалните одлуки на Комисијата за заразни болести,“ додаде Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...