fbpx

Османи: Уште четири македонски и четири украински граѓани бараат да бидат евакуирани од Украина

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на прес-конференција изјави дека најголем дел од 120 македонски државјани во Украина се евакуирани. Според Османи, останати се 8 граѓани кои бараат евакуација, а се работи за 4 македонски граѓани и 4 украински државјани.

„Има и други наши граѓани околу 20, но тие не бараат евакуација“, рече Османи.

Министерот додаде дека се обидуваат да ги евакуираат овие осум граѓани, а за останатите 20, како што рече, нема да прават напори да ги евакуираат сè додека не добијат барање од нив дека сакаат да бидат евакуирани.

„Ќе спомнам некои од нив. Нема да ги кажам имињата туку само првата буква. Семејство Т, три лица, имаат возило, не сакаат да се евакуираат. Семејство А, три лица, мајка и две деца, нагласуваат дека не сакаат да се евакуираат освен ако се случи поголема ескалација во местото каде што престојуваат. Семејство Л, четири лица, јужна Украина, се чувствуваат безбедно и не сакаат да се евакуираат. Семејство С. Три лица во Лавив, безбедни не планираат евакуација. Семејство П четири лица во Запорожје, не сакаат да се евакуираат и замолија повеќе да не ги контактираме во однос на ова прашање“, рече Османи.

Министерот нагласи дека македонската амбасада останува да работи во романскиот Конзулат во Украина и дипломатите ќе останат таму сè додека не се извлече и последниот наш граѓанин, а потоа ќе се носи политичка одлука и како да продолжи со работа Амбасадата.

Османи денес најави дека пред Владата ќе ја презентира информацијата за капацитетите за примање бегалци од Украина во Македонија врз основа на добиените информации од институциите за расположливи капацитети во моментов. Исто така, не ја исклучи можноста да се направат и привремени сместувачки капацитети доколку има поголем бран бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...