Османи се поправи и на „Фејсбук“ напиша дека ќе има референдум за спорот за името

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“ дообјасни дека без референдум нема да биде донесено заедничко прифатливо решение за спорот за името, откако вчера во интервју на телевизија „Алсат М“ изјави дека Македонија може да избегне референдум по ова прашање.

„Во жестината на дебатата, некои работи не ги објаснив доволно прецизно, па дозволете да бидам прецизен. Владата доби доволно политичка поддршка за да може храбро да влезе и во решавање на спорот за името. Но, тоа не значи дека евентуалното заемно прифатливо решение би било донесено без за тоа да бидат прашани граѓаните, т.е. без референдум“, напиша Османи на својот фејсбук-профил.

На прашањето како ќе се затвори прашањето за името и дали тоа ќе биде со референдум, Османи вчера рече дека локалните избори практично биле референдум затоа што ја добиле поддршката од граѓаните.

– На овие избори ние го најавивме решавањето на името. Граѓаните ни ја дадоа поракатата – вие сте храбри, имате јасна визија каде треба да ја водите државата во наредните години – рече Османи.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...