fbpx

Oсмани – Рикер: Ангажманот на САД во Западен Балкан е гаранција за стабилност и напредок

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално заседание на ОН, оствари средба со Филип Рикер, виш советник на САД за кавкаски преговори и долгогодишен пријател на Северна Македонија.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на средбата стана збор за претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со акцент на приоритетите, предизвиците и идните планирани активности во овој контекст.

Исто така, беше реафирмирано силното сојузништво меѓу Северна Македонија и САД, со посебен фокус на неодамна одржаниот стратешки дијалог меѓу двете земји, како значајна пресвртна точка во севкупните билатерални односи.

Соговорниците се осврнаа и на неодамнешното отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, при што Османи упати благодарност за силната поддршка од САД за нашиот евроинтегративен процес. Воедно, беше поздравен континуираниот американски ангажман во Западен Балкан како значајна гаранција за стабилноста и напредокот на целокупниот регион, што е особено важно во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...