fbpx

Османи: Поставете го албанското знаме каде сакате, нема да имате проблеми

-

Вицепремиерот Бујар Османи го оправдa чекорот на играорците од Косово кои поставија албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид, за што беа парично казнати. Според Османи, албанското знаме може да се постави било каде и тоа, според него, е дозволено со закон, извести ТВ21.

-Поставете го албанското знаме каде и да посакате, нема да имате проблеми – рече Османи во емисијата Клик Плус.

Во понеделникот четири членови на фолклорната група Арбераши од Косово поставија големо албанско знаме, со димензии 6 на 8 метри, на тврдината во Охрид.
Еден од нив, Ѓерѓ Пренкоцај, доби и плати казна од 1.100 евра и доби 5 години забрана за влез во Македонија.

Според Охридскиот суд, тој го нарушил јавниот ред и мир, бидејќи албанското знаме било поголемо на македонското. Судот одлучувал по барање на полицијата, односно Секторот за внатрешни работи (СВР) – Охрид.

По ослободувањето од полицијата, албанската новинска агенција „ИНА“ направи интервју со еден од приведените кој кажа дека и покрај казната, ова се албански територии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...