fbpx

Османи побарал од Рот вклучување на Берлин во решавањето на спорот за името

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска на државниот секретар на Mинистерството за надворешни работи на Германија за европски прашања, Михаел Рот му ја пренел иницијативата на македонската Влада за стратешко партнерство меѓу Германија и Македонија и побарал вклучување на Берлин во решавањето на спорот за името.

Османи на средбата со Рот, стои во соопштението од неговиот кабинет, го истакнал затворањето на „две од трите клучни политички прашања кои претставуваа пречка за нашите европски интеграции – потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија и предлог-законот за употреба на јазициите“, за кои како што рекол постои политичка волја да биде донесени во Парламентот, посочувајќи дека земјава сега останува соочена со спорот за името со Грција.

„Ви ја пренесуваме иницијативата на нашата Влада за создавање на стратешко партнерство меѓу Република Германија и Република Македонија, со што вашата поддршка би добила и формална суштина… Отстранувајќи ги останатите пречки на патот на нашите европски и евро-атлантски интеграции, Македонија останува соочена со спорот околу името на нашата земја со Грција, за чие решавање, како Влада но и како држава ни е потребна помош. Затоа сакам отворено да побарам вклучување на Германија во решавањето на овој спор, ако една од највлијателните земји членки на Европската Унија и НАТО“, истакнал Османи на средбата.

Вицепремиерот на средбата на Рот му ја преставил новата политичка состојба и му ја презентирал имплементацијата на планот „3-6-9“, повторувајќи ја посветеноста на Владата за целосно спроведување на сите потребни реформски приоритети.

Рот на својот официјален профил на Твитер напиша дека Германија ја поддржува регионалната соработка и зајакнувањето на владеењето на правото.

„Драго ми е што се сретнав со вицепремиерот на ПЈР Македонија, Бујар Османи. Ние силно го поддржуваме натамошниот прогрес во регионалната соработка и зајакнувањето на владеењето на правото“, твитна Рот.

Османи е во работна посета на Германија, а средбата со државниот секретар за европски прашања на германското МНР е централна во неговата агенда, на која, како што информираат од неговиот кабинет, се предвидени средби со високи државни претставници и влијателни претставници на невладини организации и тинк-тенкови од Германија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...