Вицепремиерот за европски прашања Бујар Омсани очекува финалниот текст на предлог-преговарачката рамка за нашата земја да биде готов до октомври. Врз основа на оваа нацрт-верзија, земјите-членки ќе ги изнесат своите национални ставови и потоа рамката ќе се носи со консензус.
– Потоа се очекува да биде закажана и заедничка меѓувладина седница. Добро е што ова се случува во време на германското претседателство кои се големи поддржувачи на нашиот европски пат – изјави Османи.
Тој појасни дека со новите механизми на преговарачкиот процес, брзината и напредокот ќе зависи од самите нас, но и дека ЕК ќе има механизам да го препознае и намали пристапот до ЕУ фондовите доколку има застој.
Инаку, Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија и документот веќе е испратен до земјите-членки на ЕУ.