fbpx

Османи: Обезбедени се 55 респиратори, се чека на испорака

-

„Обезбедени се 25 респиратори со пари од норвешката амбасада, кои сега се моментално во Турција и се бара начин како да се транспортираат во Македонија“, информира Бујар Османи, заменик претседателот на Владата за европски прашања, на прес конференција. Тој посочи дека се договорени и дополнителни 30 респиратори кои се моментално во Кина, а се купени од средства од ЕУ, од првите 4 милиони евра обезбедени од делегацијата на ЕУ.

„Се разговара за деталите околу транспортот. Кина одговори позитивно за обезбедување респиратори, но бидејќи 100 земји исто така бараат респиратори, тие се обезбедуваат тековно, но како што се произведуваат, така ќе бидат достапни за нашите институции“, рече Османи  дода дека ЕУ ќе пренамени 50 милиони евра за Македонија за справување сосоцио – економските штети од епидемијата, како и 9 милиони евра за помош на мали и средни претпријатија и уште 3 милиони евра за поддршка на буџетот.

„Секретаријатот за европски прашања минатата недела формираше работна група од претставници на институциите и беше направена листа од 89 артикли од Министерството за здравство, кои се однесуваат на потребите на Инфективната клиника за 2.000 пациенти кои би имале потреба од лекување. Направени се дополнителни листи за потребите на 5 институции: Министерство за здравство, МВР, МО, ЦУК и дирекција за заштита и спасување и тоа за првиот месец, помеѓу првиот и третиот месец и од третиот до шестиот месец“, кажа Османи.

Како одговор на новинарско прашање, каков е ставот на ДУИ за намалувањето на платите на администрацијата, рече дека тоа не би требало да биде прва мерка и дека партиите не треба да лицитираат со предлози, бидејќи имаат претставници во Владата.„Во однос на платите на администрацијата, сметаме дека тоа не треба да биде прва мерка, туку да се разгледаат дополнителни мерки во услови кога луѓето и така се трауматизирани од целата ситуација“, рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...