fbpx

Османи и Димитров во работната посета на Париз, со цел за добивање датум за преговори

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров ја започнаа работната посета на Франција каде што оствариле средба со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон.

„Радува фактот што првичните впечатоци се дека новата методологија отвора можност за суштинско унапредување на процесот на преговори во секоја смисла како од аспект на силната политичка контрола и водење на процесот, така и во смисла на неговата кредибилност, предвидливост и цврсто почитување на принципот на заслуги,“ истакнал Османи.

Тој изразил надеж дека со новата методолија ќе се создадат и предуслови во пресрет на претстојните дискусии во Советот на ЕУ, за остварување консензус меѓу земјите-членки, за одлуката за почеток на преговорите со Македонија, пред Загрепскиот самит во мај, посветен на Западниот Балкан.

Димитров изјавил дека државата сака да биде пример за регионот во примената на новиот пристап.

„Одлуката за преговори означува почеток на еден динамичен и напорен процес. Северна Македонија нема да се штеди и е решена да го изоди тој пат,“ изјавил Димитров.

Во рамки на посетата на Париз, Османи и Димитров ќе се сретнат и со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, претседателката на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, Мариел де Сарнез и со генералниот секретар за европски прашања при Владата на Франција, Сандрин Годен.

Денешната посета на Франција се одвива во период на засилена дипломатска и државна активност, во врска со остварувањето на стратешката цел за добивање на одлука за почеток на пристапните преговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...