fbpx

Османи го претстави „планот 18“: Реформите мора да ги одделиме од дневната политика

-

Вицепемиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ја презентираше содржината на реформскиот „план 18“ кој вчера беше усвоен од страна на Владата.

Османи истакна дека ова следи како континуитет по завршувањето на имплементацискиот период на „планот 3-6-9“.

– Имплементацијата на Договорот од Преспа претставува една од најважните обврски преземени од наша страна. Во следниот период очекувам зголемување на политичката поддршка и изградба на консензус за сите прашања кои се од наднационален интерес, меѓу кои е секако и имплементација на „планот 18“ – истакна Османи.

Тој ги наведе и клучните области на „план 18“: реформи на правосудството, на безбедносните служби, на јавната администрација како и борбата против организираниот криминал и корупција.

– Реформските приоритети дефинирани во овој „план 18“, покрај суштинското унапредување на општеството, претставуваат и клучен параметар преку кој ќе се мери успешноста на нашите европски интеграции – заклучи Османи.

Тој информираше дека во „планот 18“ се вметнати препораките од извештајот на Европската комисија, како и реформските обврски кои произлегоа од „планот 3-6-9“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...